Франција: нови 516 смртни случаи од КОРОНА ВИРУСОТ
Во Франција во последните 24 часа забележани се 516 нови смртни случаи од КОРОНАВИРУСОТ. Од почетокот на епидемијата на 1 март, во Франција починале најмалку 21.856 лица, покажува официјалната статистика.
Бројот на пациентите кои се хоспитализирани на интензивна нега продолжува да се намалува петнаесет дена по ред. И се чини дека состојбата полека се нормализира.
Во моментов во тешка здравствена состојба се 5.053 пациенти и се наоѓаат на интензивна нега.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.