Претседателот на Франција, Емануел Макрон беше на трибините во Катар на мечот меѓу неговата земја и Мароко, а по крајот се симнал во подтрибинскиот простор.
Тој влегол во соблекувалната на Мароко им честитал за добрата игра и големиот успех на Светското првенство, но имал посебни зборови за Софијан Амрабат.
Макрон пред сите останати фудбалери на Амрабат му рекол дека е најдобриот играч од средниот ред на Светското првенство.