Познатиот црногорски фудбалер Стефан Јоветиќ, кој моментално е ангажиран во редовите на Олимпијакос, синоќа го прослави раѓањето на близнаците – син и ќерка.Големата прослава се одржа на островот Мамула во Црна Гора, кој го изнајми за незаборавна прослава.На прославата свиреше Аца Софронијевиќ, а пееја Милица Павловиќ и Данијел Алибабиќ.Бајката на фудбалерот Стеван Јоветиќ и неговата сопруга Марија важи за една од најубавите љубовни приказни кога се јавните личности во прашање.На крајот на 2019 година, познатиот фудбалер се ожени со својата долгогодишна сакана Марија. Свадбата се одржа во Монте Карло, а во март 2020 година го добија првиот син.Сестрата на Стеван потоа се пофали со прекрасната фотографија на која фудбалерот го бакнува синот, а како што понатаму откри, парот за свој наследник го избрал старото име Миодраг. Бебето е здраво и тешко 3.500 грама.
Пронајдете не на следниве мрежи: