ФУРКАН ОБЈАВИ СНИМКИ ОД ГРАБНУВАЧИТЕ ВО ЦИТРОЕНОТ ДОДЕКА ОДАТ КОН БРАЗДА

Новинарот Фуркан Салиу, објави видео снимка, на која вели дека снимени се грабнувачите на Вања, додека патуваат кон селото Бразда, каде девојчето е убиено, а возилото запалено.

Како што вели тој во видеото, во 7 часот и 55 минути утрината, двете возила Рено кангу и Цитроен, поминуваат низ улицата број 1 во Визбегово.

Пет хороскопски партнери кои се одлични и одговорни деловни партнери
Кога станува збор работата, не е важно со кого делите канцеларија или го започнувате вашиот бизнис од соништата. Вистинскиот деловен партнер може да биде клучот за успехот, а ако се прашувате дали тајната …
,,Господ ни беше посредник” – Аница Лазиќ откри детали од почетокот на врската со Лазар Ристовски (фото)
Младата актерка откри детали од приватниот живот, проговори за својот партнер, актерот Лазар Ристовски и откри дека нивната разлика во години не е важна.Познатиот актер Лазар Ристовски е во врска со 39 години помладата колешка …

„Анализирајќи ги снимките, се забележува дека во возилото Цитроен, каде што се сомничи дека била Вања, освен шоферот има уште еден човек на совозачкото место. Двајцата носат црни капи. Задниот дел на возилото е празен. Друг битен детал забележавме во багажникот на возилото. Бел објект кој што наликува на вреќа“ вели тој.

Како што вели Салиу, населбата Визбегово се поврзува со селото Бразда каде што и беше пронајдено телото на Вања Ѓорчевска.

„ Во 9 часот и 37 минути, по еден час возилото е запалено. Чадот доаѓа од истиот правец каде што е најдено опожареното возило, кое што не е далеку од локацијата каде што е пронајдено телото “ вели во видеото тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.