Пејачката Лепа Брена синоќа пееше на новогодишната програма на Нова БХ, но она што на сите им падна во очи е нејзината модна комбинација. Таа носеше долг фустан со мотив на женско тело, а беше украсен и со златни светки.
Фустанот на Брена предизвика многу коментари. Додека на некои им се допадна смелиот моден избор на музичката ѕвезда, други останаа шокирани.
– Убавата Брена во најгрдиот фустан што сум ја видел во животот – напишал еден корисник на Твитер.
„Врв на невкусот“, „Гледам и не верувам“… се дел од останатите коментари.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.