„Финска не постави никакви предуслови при аплицирањето за членство… Но, јасно е дека нема да има нуклеарно оружје на финска територија дури и по добивањето членство“, нагласи Хависто.
Тој ја потврди визијата на политичкото раководство на земјата дека Финска и Шведска истовремено ќе влезат во НАТО.
„Финска и Шведска формираат единствена одбранбена стратешка структура. Истовремената најава на Финска и Шведска за влез во НАТО не е само гест на учтивост, туку прашање на зајакнување на одбранбените капацитети на двете земји“, рече Хависто.