Хамнеи не гледа знаци на пораз на Хезболах

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи не гледа знаци на пораз на либанската шиитска милиција Хезболах, и покрај убиството на нејзините високи команданти во нападите на Израел, јави ДПА.

Без сомнение тоа беше загуба за Хезболах, но не беше загуба што доведе до нејзин пораз“, рече 85-годишниот ајатолах Али Хамнеи денеска на настанот за ветераните во Техеран.

Тој додаде дека организациската и човечката сила на Хезболах е многу поголема.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди да не се потценува Хезболах. „Тaa е повеќе од способнa да ги уништи базите и колониите на израелскиот режим“, напиша тој на платформата X.

Хезболах се смета за најважен сојузник на Иран на Блискиот Исток, но аналитичарите сметаат дека малку е веројатно Техеран да и помогне во случај на војна меѓу Хезболах и Израел.

Новата иранска влада, предводена од претседателот Масуд Пезешкијан, се бори со тешка економска криза и се обидува да ги обнови врските со Западот. Военото и политичкото раководство во Техеран досега упати само закани против Израел и Западот, но не продолжи со директни напади.

Пронајдете не на следниве мрежи: