Во пресрет на одлуката на Европскиот совет наредната недела еврокомесарот Хан на Твитер порача дека Брисел треба да одобри датум за пристапните преговори со Македонија и Албанија.
Македонија и Албанија испорачаа, сега е крајно време земјите-членки да го испорачаат своето, објави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на неговиот налог на Твитер.
Твитот на Хан е одговор на претходниот твит на лидерите на ЕУ, во кој тие даваат поддршка за почеток на преговорите со двете земји.
Во писмо испратено на 3 октомври до земјите членки на ЕУ, сегашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, на Европската комисија Жан-Клод Јункер, новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лејн и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасол, побараа отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Македонија и со Албанија.