Светлана Цеца Ражнатовиќ со семејството е дел од проектот наречен „Цеца шоу“ кој се емитува на телевизија Блиц.
Цеца во неколку наврати раскажуваше приказни од своите настапи, но и семејни спомени, па можевме подетално да видиме како помина раѓањето на Богдана Ражнатовиќ со снимка од болница.
Во една од епизодите, Светлана раскажа што и’ се случило на настапот во Будва, кога имало огромна гужва поради најавата за нејзиното појавување на сцената:
-Топ Хил беше преполн и полицаецот не ме пушти да поминам. Имаше страшна гужва, одам на концерт и обезбедувањето што ме возат му велат: „Што ти е човече, ја возиме Цеца“, а тој вика: „Што да и’ правам, е гужва, таа не може да помине“. Тоа никогаш нема да ми се избрише од меморијата, тој не може да ме пушти, а поради мене настана гужва – се присети Цеца во „Цеца шоу“.
Цеца потоа откри некои детали од нејзините настапи и додаде дека всушност и треба вода само кога излегува пред публика.
– Мојата листа на барања од зад сцената е многу скромна. Но, кога станува збор за техниката, тоа воопшто не е скромно, бидејќи ми е многу важно звукот што го изведуваме на сцената да биде квалитетен и да допре до мојата публика. Тоа чини многу, и тоа е голема инвестиција. А дали ќе има рајски птици, птичјо млеко и тие глупости на кои се занесуваат комплицираните луѓе во бекстејџ е нивен проблем, ми треба само вода. Тоа е сè од моите желби – откри Цеца.