Хаос во Јужна Кореја: Специјалци упаднале во канцеларијата на претседателот, екс министерот за одбрана се обидел да се самоубие

Специјалните сили на јужнокорејската полиција извршија рација во канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол, што е најнов развој на политичката криза што ја зафати земјата по неуспешниот обид на претседателот да воведе воена состојба минатата недела. Овој потег доаѓа во време на сериозни обвиненија против претседателот, вклучително и бунт и предавство, додека Јун се соочува со повеќе истраги од различни владини агенции. Иако го преживеа гласањето за импичмент, притисокот врз него се зголемува, а повиците за негова оставка не стивнуваат, пишува Би-Би-Си. 

Поранешниот министер за одбрана Ким Јонг-Хјун, кој ја презеде одговорноста за препорачаното воведување на воена состојба, се обидел да се самоубие додека бил во притвор во вторникот вечерта, според официјални лица. Тој во моментов е под надзор и, според Министерството за правда, „нема здравствени проблеми“. Ким беше уапсен во неделата.

Во меѓувреме, голем број високи функционери блиски до претседателот Јун поднесоа оставка по краткотрајното прогласување на воена состојба. Земјата сега е во состојба на политичка неизвесност.

И покрај договорот со кој Јун го скрати својот мандат и вети дека нема да се меша во надворешните и внатрешните работи, членовите на владејачката партија го бојкотираа гласањето за неговото импичмент. Сепак, опозициската Демократска партија, која има мнозинство во парламентот, го нарече договорот „незаконски и неуставен пуч“.

Демонстрантите продолжуваат да бараат оставка на претседателот, додека неговата политичка иднина е неизвесна. Според Парк Чан Дае, лидерот на опозициските пратеници, ситуацијата ескалирала во „втор обид за државен удар“.

Во средата 18 истражители беа испратени во претседателската канцеларија за да одземат документи поврзани со состанокот на владата одржан ноќта на прогласувањето на вонредна состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи: