Харадинај: Оваа влада му штети на Косово

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека актуелната власт му штети на Косово и дека ја изневерила довербата на граѓаните.
Харадинај, по повод 24-годишнината од основањето на АБК во Клина, додаде дека партијата е решена да го вклучи Косово во НАТО, а според него, САД се вечен сојузник.

„Сојузот со коалициските партнери понуди владејачка алтернатива која ќе овозможи голема промена што му е потребна на Косово, влада со визија да ја врати надежта, да ја ориентира земјата кон просперитет и евроатлантска интеграција. „Денес имаме влада која и штети на земјата, влада која ја изневери довербата на секој граѓанин, бидејќи го донесе спротивното од она што го вети, доведувајќи ја земјата во сиромаштија, а граѓаните во длабоко разочарување“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: