Харадинај со драматична изјава за неговата земја

Koсово е пред колапс, изјави за медиумите екс премиерот Рамуш Харадинај. 

Харадинај со драматична изјава за неговата земја

Претседателот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска во објава на Фејсбук објави дека поради зголемувањето на инфлацијата, која според Светска банка е 19,1 отсто, куповната моќ е нагло намалена. 

„Според Светска банка, економскиот раст е 3,1 отсто, а не 10,5 отсто како што вие прогнозирате. Инфлацијата, исто така, според податоците на Светска банка е 19,1 отсто. Тоа значи дека куповната моќ на граѓаните на Косово е преполовена“, порача Харадинај.

Тој вели дека во време кога поскапеле сите основни потреби, Владата го блокирала Законот за плати, но и многу проекти. Сите земји во регионот се борат со инфлација. Грција измери годишна инфлација од 12 отсто. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.