Харис: Подготвена сум за дебата со Трамп

Потпретседателката Камала Харис во изјава пред новинарите рече дека е „подготвена да дебатира со Доналд Трамп“.

Таа го обвини за „назаднување“ од претходниот договор за дебата организирана од „ABC News“ на 10 септември.

„Мислам дека гласачите заслужуваат да го видат поделениот екран што постои во оваа трка на дебатната сцена“, рече таа по слетувањето во заедничката база Ендрјус по патувањето во Индијана и Тексас.

Дебатата на 10 септември беше една од двете дебати за кои се договорија претседателот Џо Бајден и Трамп.

На првата дебата домаќин беше „CNN“ на 27 јуни, но Бајден оттогаш се откажа од трката и ја поддржа Харис како негов наследник.

Трамп рече дека повеќе би сакал да ја префрли дебатата на „Фокс њуз“, но рече дека подготвен е да се соочи со Харис и повеќе од еднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи: