Хауард Лутник од Волстрит избор на Трамп за министер за трговија

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека ќе го номинира извршниот директор на компанија од Волстрит, Хауард Вилијам Лутник за министер за трговија, кој ќе ја надгледува агенцијата која стана оружје против технолошкиот сектор во Кина.

Лутник, шеф на брокерската компанија „Cantor Fitzgerald“, ќе биде директно одговорен за Бирото на трговскиот претставник на Соединетите држави, најави Трамп.

Новоизбраниот претседател на тој начин го ангажираше својот долгогодишен пријател кој ја поддржува републиканската визија за враќање на работните места во производствениот сектор во земјата и усвојувањето на криптовалутите.

Министерството за трговија надгледува мноштво различни функции, од трговија и регулирање на океанската пловидба до спроведување на пописот на населението. Меѓутоа, имајќи предвид, исто така, ја надгледува и американските контрола на извозот, сега е во центарот на американско-кинеската технолошка војна.

Лутник, исто така, ја води брокерската групација BGC и е директор на фирмата за услуги за комерцијални недвижности „Newmark Group“, како и FMX, платформа во сопственост на некои од најголемите банки и трговци на Волстрит.

И администрациите на Трамп и на Бајден досега агресивно ги користеа овластувањата на Министерството за трговија за да воведат регулативи за да се запре извозот на американска и странска технологија во Кина. Го направија тоа поради стравувањата дека Пекинг би можел да ја искористи американската технологија за зајакнување на својата војска, со посебен акцент на полупроводниците и опремата што се користи за нивно производство.

Во текот на изминатите две години, САД издадоа опсежни контроли за извозот на напредни чипови и опрема за производство на чипови во Кина, ограничувајќи го нејзиниот пристап до најсовремените чипови со вештачка интелигенција и опрема потребна за производство на следната генерација на полупроводници.

За разлика од другите членови на внатрешниот круг на Трамп, Лутник не ја споменува често Кина. Но, тој е голем поддржувач на царините, особено насочени кон Кина.

„Не ги оданочувајте нашите луѓе. Наместо тоа, заработете пари. Наметнете ѝ царини на Кина и заработете 400 милијарди долари“, ја опишува The New York Times визијата на овој инвестициски банкар.

Пронајдете не на следниве мрежи: