Хајредини до Ахмети: Сега сите Албанци имаат потреба да се ослободат од тебе, освен твоите роднини и сопартијци!

„Али, сега сите Албанци имаат потреба да се ослободат од тебе, со исклучок на роднините, членовите на твојата партија и оние, кои веќе заминале во надворешниот свет!“ – оваа порака поранешниот министер за финансии и сегашен политички аналитичар Џевдет Хајредини му ја упати преку фејсбук на Али Ахмети, лидерот на ДУИ и на така наречениот „Европски фронт“.

Иронизирајќи со „загриженоста“ на Ахмети за „судбината на македонскиот народ“, на кого ќе му се настрвеле, според главниот интегративец, „гладните добрососедски држави“, Хајредини „претскажува“ кој ќе биде следниот „потег за заштита на Македонците“, кој ќе го „преземе“ Ахмети: „Не НАТО, туку Али Ахмети, пионерот на ‘Отворениот Балкан’, со 7,5 отсто пратеници во Собранието, нема да дозволи Србија, Бугарија и Грција да ја проголтаат Македонија, заедно со ‘Соравија’.“

На фејсбук Џевдет Хајредини уште и го разоткрива и „високиот политички критериум“, кој им го испоставил Али Ахмети на сите „интересенти“ за членство во неговиот „Европски фронт“: „Услов за учество во ‘Европскиот фронт’ е да не се споменува борбата против криминалот и корупцијата во времето кога ДУИ беше на власт со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, да не се споменуваат криминалот и корупциските скандали на Али Ахмети и неговите роднини, ниту коруптивните договори со фирмата ‘Бехтел и Енка’ и големиот број тендери на државата со Пуцкопетрол на Исмаил Јахоски!“

Пронајдете не на следниве мрежи: