Хезболах не знаел дека купува пејџери од Израел?

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската телевизија „Си-би-ес Њуз“ (CBS News) објаснија како го измамиле Хезболах да купи илјадници воки-токи и пејџери произведени во Израел.

Според нив, припадниците на Хезболах десет години ги користеле израелски пејџери и воки-токи наполнети со експлозив, пред истите да експлодираат во септември годинава. При експлозија на воки-токи и пејџерите десетици луѓе загинаа, а илјадници беа повредени.

Израел соопшти дека мета на нападот биле само членовите на Хезболах, но помеѓу жртвите имаше и цивили. Обединети нации нападот го оценија како воено злосторство.

Пронајдете не на следниве мрежи: