Хезболах потврди дека нивниот лидер Насралах е убиен: „Ќе ја продолжиме борбата против непријателот“

Хезболах ја потврди смртта на својот лидер Хасан Насрала по израелски воздушен напад.Групата вети дека ќе продолжи да се бори против Израел.„Раководството на Хезболах се обврзува… да го продолжи својот џихад пред лицето на непријателот, да ги поддржува Газа и Палестина и да го брани Либан и неговиот непоколеблив и чесен народ“, рече Хезболах.Хезболах го пофали лидерството на Насрала во конфликтот со Израел и неговата поддршка за Палестинците.Насралах беше во главниот подземен штаб на Хезболах во бејрутското предградие Дахија кога израелската армија (ИДФ) ги изведе своите масовни напади.Претходно ИД соопшти дека Насрала бил убиен во нападот, но Хезболах засега не коментирал.Генералниот секретар на милитантното либанско движење Хезболах, Хасан Насрала, многумина го сметаа за најмоќниот поединец во Либан кој имаше на располагање 100.000 борци.Тој беше секретар на Хезболах од 1992 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: