Деновиве на социјалните мрежи се појави страшна снимка од напад на крокодил врз пливач и неговото куче во Австралија.
- Русите го прекинаа гасот за Австрија, го праќаат во Европа
- СДСМ: Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните ќе нема за леб
- Израелскиот претседател го откажа патувањето на самитот на ОН за климатски промени поради безбедносни причини
- Хорор во Амстердам: По само осум минути прекин на натпреварот од Лигата на нации, на легендата му се слоши и падна!
- Европарламентот и земјите-членки го усогласија Буџетот на ЕУ за 2025 година
На него се гледа како туристот Алистер Мекфи (37) постојано го удира животното во обид да избега откако тоа скокнало од водата во Квинсленд, во близина на Порт Даглас. Човекот бил во вода до колена со својот ротвајлер кога биле нападнати.
Крокодилот прво се обидел да го вовлече во водата, а потоа се сврте кон миленикот. Го грабна и го одвлече во длабочините, а потоа Мекфи скокнал врз него и почнал да го удира за да го заштити кучето.
Меѓутоа, туристот обилно крварел од длабоката рана на ногата и не можеше да го одбрани миленикот од ѕверот. На крајот, тој немаше друг избор освен да се повлече на работ на водата, бидејќи за кучето немаше спас.
Тој бил забележан од ренџер кој не бил на должност и бил итно пренесен во блиската клиника, а потоа во поголема болница во Кернс. Мекфи е во стабилна состојба по операцијата.
Претставници на Одделот за животна средина и наука (DES) изјавија за локалниот весник Cairns Post дека крокодилот бил пронајден и застрелан доцна во четвртокот навечер.
Џош Патерсон од Здружението на Абориџините Џабалбина Јалањи рече дека еден од неговите чувари го пронашол Алистер. Тој за медиумите изјавил дека човекот „бил уништен од болката поради губењето на кучето“ и верува дека миленичето починало бидејќи му дошло на помош.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.