Херц банкротираше

Херц банкротираше

Една од најстарите и најголеми светски компании за рентање на коли, американски Херц не го издржа ударот на пандемијата и поднесе документи за банкрот.

Херц има седиште во Флорида. Сега судските авторитети треба да одговорат на барањето за банкрот, поточно заштита при банкрот и да се направи план за реорганизација.

Во банкрот одат американските и канадските филијали на Херц, и помалку познатите кај нас ограноци: Долар, Трифти и Фајерфлај. Обезбедена е 1 милијарда долари за да се продолжи со работа, додека се чека решението за банкротот и планот за обнова на компанијата.

Иако 1 милијарда делува како голема бројка треба да се знае дека Херц има пријавено долгови од неверојатни 24 милијарди долари. Истовремено заработувачката периодов е падната за над 90 проценти.

Херц располага со над 500.000 илјади возила кои всушност креираат долг кон добавувачите од 13 милијарди долари. Ратите се чини го врзаа јажето околу врат на ова оваа компанија…

Според наши сознанија и домашните како и другите странски компании кои рентаат коли се наоѓаат во големи проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.