Холандија има најкратка работна недела, луѓето работат помалку од 30 часа неделно

Земја со најкратка работна недела е Холандија, со просек од 29,5 часа, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа).

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави.

Во првите 10 се Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Како што објави Евростат – официјалната статистичка служба на Европската Унија(ЕУ), Балканците работат и повеќе од 40 часа неделно.

Eвропските држави во последно време настојуваат да ги намалат работните часови.  Некои земји се залагаат и за воведување четиридневна работна недела. 

Во Германија во февруари годинава почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла – вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании, пренесува „Панкуфер“ (Punkufer).

Пронајдете не на следниве мрежи: