Холандија ѝ дозволи на Украина да ги користи нејзините авиони за напади врз Русија






Холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен денеска, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Сингапур, изјави дека Киев може да користи холандски Ф-16 за цел на руска територија.

Олонгерн разговарала со Зеленски на маргините на безбедносната конференција „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, пишуваат украинските медиуми.

Во интервју за порталот Политико, таа рече дека Холандија нема да воведува ограничувања во „белгиски стил“ и дека кога Украина ќе добие оружје, „има право да го користи како што сака“.

-За Холандија, единствениот услов е дејствијата на Украина да бидат во согласност со меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на ОН, изјави министерката.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: