Холанѓанец ќе им суди на Борусија и Реал

Честа да ја дели правдата на првиот полуфинален дуел во Лигата на шампиони помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, ја доби Холанѓанецот Бјорн Кујперс.Овој 40-годишен судија е еден од најдобрите европски арбитри во моментов, тој сезонава веќе судеше на натпреварите од Лигата на шампиони, а доби висока оценка за арбитражата на четвртфиналниот натпревар помеѓу Барселона и Пари Сен Жермен.Единствена дамка во неговата досегашна кариера е минатогодишната пресметка помеѓу Барселона и Милан, кога досуди контроверзен пенал за Каталонците.Борусија Дортмунд и реал првиот полуфинален натпревар во ЛШ на „Сигнал Идуна Парк“ ќе го одиграат во среда.УЕФА дфовербата да ја дели правдата на мечот помеѓу Баерн и Барселона, кој ќе се одигра во вторник, му ја додели на Унгарецот Виктор Касаи.
МакфаксЧеста да ја дели правдата на првиот полуфинален дуел во Лигата на шампиони помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, ја

Пронајдете не на следниве мрежи: