Холанѓаните ги молат туристите да не ги газат лалињата

Холандските фармери имаат порака за туристите – уживајте во лалињата, но не ги газете.
Полињата со лалиња, нарциси и зумбули го трансформираат регионот на крајбрежјето на Северното море, во колаж на живописни бои кои овозможуваат прекрасна позадина за многу празнични фотографии или Инстаграм објави, пренесува АР.
Посетителите, сепак, внесуваат голем број цвеќиња во полињата и ги оштетуваат, па затоа новите знаци ги предупредуваат туристите да уживаат во погледот, но да стојат надвор од полињата со цвеќиња.


Слична кампања од минатата година се сметала за премногу непријателска, па затоа се направени нови знаци, а фармерот Симон Пенингс рекол дека планира да постави „амбасадори“ во полињата, за да им објаснуваат на туристите зошто би требало да стојат надвор од полињата.
Еден од новите транспаренти, на кој пишува „Уживајте во цвеќето, почитувајте ја нашата гордост“, е ставен покрај полињата со цвеќиња, но не ги спречил посетителите да влезат во некое од полињата и да се фотографираат.
Пенингс рекол дека веќе видел сè.
„Велосипеди, луѓе, кучиња, деца, сешто видовме во полињата“, рекол тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.