Засега непознато лице влета со џип марка “Порше“ во пешаци на тротоар во Берлин, при што загинаа четири лица меѓу кои и бебе. Две лица се повредени, а несреќата се случила во населбата Мите.
Како што наведува локалниот весник “Берлинер Моргенпост“ на самото место дошле 25 пожарникари. До доцна во ноќта истражувале со термални камери дали под остатоците на возилото има уште повредени лица.
Засега не е познато зошто возачот влетал меѓу пешаците.