ИТАЛИЈА – Пронајдено новороденче во корпа за отпадоци: Мислев дека е мачка…

Новороденче е пронајдено во саботата вечерта во канта за ѓубре во италијанскиот град Виланова Канавезе, недалеку од Торино, јави медиумската агенција ANSA.

Станува збор за момче кое било пронајдено во најлонска кеса, заедно со плацентата и папочната врвца.

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интерес
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет месеци по …
Кортни Кардашијан ги надмина сите, па дури и нејзината сестра Ким: Нов божиќен хит со Дедо Мраз (фото)
Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го прославија Божиќ на интимен и романтичен начин, додека познатата инфлуенсерка изгледаше како вистински Дедо Мраз. За време на оваа посебна вечер, …

И покрај ниските температури, здравјето на момчето кое докторите го крстиле Лоренцо засега е добро.

Бебето го пронашол 49-годишен маж кој живее во близина и сакал да фрли нешто во ѓубрето. Го спречил детски плач.

„Најпрво мислев дека е мачка. Дури по некое време сфатив дека е бебе“, рекол тој.

По откритието повикал полиција, а детето било пренесено во болница.

Полицијата отвори истрага како новороденчето завршило во ѓубре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.