Хороскопот и сексот

Дознајте што очекува вашиот партнер/ка од сексот, со помош на хороскопот.
Овен
Важат за добри љубовници. Овенот сексот го сфаќа како натпревар во кој освен уживање има прилика да симне некој килограм. Сака да провоцира, вообичаено за предигра ја користат расправијата, а се смируваат со партнерот со секс. Ако сакате да го освоите, бакнувајте му ги ушите, бидејќи тоа им е најосетлив дел од телото.
Бик
Бикот ужива во сексот. Него освен среќниот крај , битен му е и самиот чин на водење љубов. Ако сакате целосно да го освоите припремете му вкусна вечера. Пред него немојта да глумите, само пријатно мирисајте, а во сексуалните игри внесете ја храната, како на пример јагоди со шлаг послужени на стомак.
Близнаци
Тие не знаат за скромност. Не им е проблем да имаат повеќе партнери истовремено, нивното срце може да го добие само некој кој им е рамен на интелектуално ниво. Во случај партнерот да му здодее, без никаква грижа на совест веднаш преминува на нов. Во врска најмногу ги мачи тоа што мораат да бидат само со еден партнер. Обожаваат валкани зборови за време на сексот.
Рак
Тој е најосетлив хороскопски знак, не го признава сексот без емоции. Нему му е најважно тоа што на некого му е потребен. Во партнерот бара сигурност. Не сака безначајни врски и секс за една ноќ, дури и ако станува збор за неверство. Ракот често фантазира за тоа цел ден да го помине во водење љубов со личноста која ја сака. Него најлесно ќе го освоите ако му припремите убава вечера и ако внимателно ги слушате неговите  тажни приказни.
Лав
Случаен провокативен поглед или неочекуван комплимет ќе го освои неговото срце. Спрема него, однесувајте се како да е единствен на светот. Ако не му посветите доволно внимание, морате да му се извинувате цела ноќ, а на сексот можете да заборавите.
Девица
Припадниците на овој знак се стручњаци за секс. Единствена работа која може да го спречи тоа е нервозата која главно ја лечат во теретана или во кревет.  Може да ги освои само личност која строго внимава на хигиената, најмногу ги одбиваат нечисти нокти. Доколку вас ве одбере за партнер, спремете се да бидете често критикувани. На Девиците најмногу им одговара повлечен партнер, покрај кој ќе бидат секогаш во прв план.
Вага
Вагата е многу заводлива и привлекува внимание каде и да се појави, па затоа и треба партнер кој ќе ја спушти на земја. Ова е единствениот знак кој со месеци може да чека некој друг да го направи првиот чекор и веднаш да успее да процени дали станува збор за вистинската личност за него. Премногу ги анализира другите, тоа на крај доведува до прекин на врската. Припадниците на овој знак знаат да бидат многу перверзни.
Шкорпија
Шкорпијата е прав бог во сексот. Без многу труд, го освојува партнерот кој ќе го посака, всушност се претставува како незаситен љубовник а во суштина бара вистинска љубов. Иако никогаш нема да признае покрај себе сака да има сродна душа, се додека не ја пронајде, ќе се забавува повеќе од сите хороскопски знаци заедно. Од партнерот бара целосна посветеност, а позната е и по својата љубомoра, па немојте ни да помислувате на флерт со некој друг. Ако ја освоите, ќе уживате во сексот како никогаш  претходно.
Стрелец
Најотворен знак кога е во прашање секс. Стрелецот сака различни типови на партнери, посебно е слаб на оние со егзотичен нагласок.  Добар хумор за Стрелците е совршена предигра.  Но, едно мора да запомните, ќе ве остави без ни еден збор кога ќе му здосадите.
Јарец
Јарците сексот го сфаќаат многу сериозно, а се водат од девизата дека само праксата го прави добриот љубовник. Тој не троши енергија на  секого, пред да се впушти во врската или во сексот дури и за една вечер, прво гледаат која е нивната корист од тоа. Ако сакате да му се вовлечете во кревет, потребно е да бидете успешни во барем еден сегмент на животот.
Водолија
Позната по својот необичен вкус и фетиши, обожава партнери кои се ненаситни во кревет. Ако сакате да ја освоите, покажете и дека за вас не постојат граници во сексот и не се плашите дека поради некоја ваша акција ќе изгледате чудно, затоа што овој знак е секогаш отворен за нови идеи. Ја привлекуваат натпросечно интелегентни парнери, а во сексот сакаат да испробаат се и сешто. Неретко составен дел од нивниот сексуален живот се жешките секс играчки.
Риба
Нагонот за секс е тоа што ја движи Рибата. Тие толку вложуваат во врската, љубовта и романтиката па тоа потполно им го поматува умот. Често не ја разликуваат љубовта од сексот. Најлесно ќе ги заведете со заводлив танц, галење или едноставно држење за рака. Тие неверојатно брзо се врзуваат за партнерот, но и брзо го напуштаат доколку нешто не им одговара.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дознајте што очекува вашиот партнер/ка од сексот, со помош на хороскопот.

Пронајдете не на следниве мрежи: