Луѓето во овие хороскопски парови навидум не се еден за друг, а сепак се јавува чудна привлечност меѓу нив.
Бикот и Скорпијата можат да се заљубат во секунда, а Лавот и Водолијата се слични на прв поглед, но во основа имаат сосема различен карактер. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што се и социјални и комуникативни, но тука завршуваат сите сличности.
Овие несекојдневни хороскопски парови докажуваат дека спротивностите навистина се привлекуваат:
Овен и Вага
На прв поглед е јасно дека Овенот и Вагата се два сосема различни света. Овенот е тврдоглав, упорен и добро знае што сака, а Вагите имаат проблем со донесување одлуки. Покрај тоа, таа е мирна и тактична личност, која не е склона кон конфликти, додека Овенот сите проблеми и недоразбирања ги решава со викање и расправија. Нејзе не ѝ се допаѓа неговиот бурен темперамент, непромисленост и ненадејна природа, додека тој ја обвинува за нејзината инертност и неодлучност. Често ја критикуваат дека не е искрена.
Шармантната и толерантна Вага секогаш се грижи за другите. Таа има тенденција да ги гледа сите аспекти на приказната, за разлика од Овенот кој е фокусиран исклучиво на себе и на своите потреби. Луѓето често велат дека е себичен. Сепак, и покрај сите разлики во карактерот, тие двајца често добро функционираат во животот.
Привлечноста која постои меѓу нив е толку силна што може да се почувствува во воздухот, па често се заљубуваат и сочинуваат убава љубовна врска. Меѓутоа, проблемите настануваат кога почетната страст ќе стивне и нивните сосема различни карактери ќе излезат на површина.
Бик и Скорпија
И Бикот, и Скорпијата се упорни, тврдоглави и тешко се откажуваат од своите принципи. Главната разлика е во тоа што Скорпиите се мудри и тактични, додека Бикот понекогаш тера инает само затоа што така одлучил. Бикот е фокусиран на домот и семејството, подготвен е напорно да работи за да постигне материјална сигурност, додека Скорпијата е водена од желбата за моќ и успех. Бикот ќе заработува исклучиво преку сопствената работа, а Скорпијата смело ќе влегува во разни вложувања и заработените пари ќе ги зголеми со вешти и по малку ризични вложувања.
Бикот е во душата хедонист на кој ниедно земно задоволство не му е туѓо, но е и многу прагматичен. Бидејќи се магнетски привлечени еден кон друг, често се заљубуваат на прв поглед и започнуваат врска, а во астрологијата важат за еден од највозбудливите парови чија врска е обележана со страст и интензивни емоции.
Близнаци и Стрелец
Иако тие се многу различни по природа, двајцата имаат многу заедничко. Тие се и друштвени и весели луѓе кои постојано бараат нови искуства и имаат многу пријатели. Сепак, главната разлика се однесува на различните размислувања и животни цели. Близнакот е постојано во движење, немирен и не може долго да остане на едно место. Сака да учи и да добива нови информации, па затоа има широко, но површно познавање за сè, додека Стрелецот претпочита да се фокусира на една област на интерес.
Тој е духовен и се грижи за повисоките идеали, додека Близнаците се премногу немирни и саркастични за да ја разберат длабочината на Стрелецот. Поважно му е да има многу пријатели и убаво да се забавува отколку да размислува за смислата на животот. Стрелецот по природа е филозоф кој сака длабоки и аргументирани дискусии, додека Близнаците повеќе се заинтересирани за површни разговори, а исто така е склон кон озборувања, што Стрелецот не ги поднесува. Кога се во љубовна врска, можат добро да функционираат.
Рак и Јарец
Ракот и Јарецот се две сосема различни личности на сите полиња. Нежниот и чувствителен Рак во животот го водат чувствата и се што прави, го прави со срце, додека студениот и воздржан Јарец мисли дека покажувањето емоции е слабост. Јарецот во животот се води од разумот и амбицијата, па затоа деловниот успех е неговата главна животна цел и предуслов за среќа, додека Ракот е ориентиран кон семејството. Среќата и здравјето на неговите најблиски се негов приоритет. Семејството на Јарецот е исто така многу важно, но тој ја покажува својата љубов со своите дела – со заработка и обезбедување материјална благосостојба, додека Ракот ја изразува со грижа и топлина.
Тие се многу привлечни еден за друг па често започнуваат врска. Меѓутоа, во таква врска, огромните разлики брзо излегуваат на виделина. На прибраниот Јарец најмногу му пречи чувствителната природа на Ракот и склоноста кон чести промени на расположението, а нежниот Рак смета дека Јарецот е ладна и затворена личност до која не може да се допре.
Лав и Водолија
Овие две личности се слични на прв поглед, но во основа се сосема различни по карактер. Тие имаат сосема различни животни цели. Заедничко им е тоа што се и социјални и комуникативни, но тука завршуваат сите сличности. Мислењето на околината му е важно на Лавот и сака сите да му се восхитуваат и почитуваат, што за Водолијата е неважно. Се грижи за тоа да биде различен и да предизвикува контроверзии, а луѓето да го сакаат. Лавот сака да постигне социјален успех и завидна репутација, а на Водолијата ѝ е важно да ја препознаат по тоа што е посебна и оригинална.
Лавот често го обвинуваат за себичност и фокусирање на неговите потреби, што не може да се каже за алтруистичната Водолија. Малку нервозниот Лав не сака да признава дека греши, а Водолијата нема влакна на јазикот и секогаш ќе му ја кажува вистината во лицето, колку и да е непријатна. Нивната љубовна врска ќе биде експлозивна и динамична. Жестоките дискусии ќе бидат составен дел од врската, а најдобро ќе се сложуваат во кревет.
Девица и Риби
Нежните и романтични Риби се целосна спротивност на студената и воздржана Девица. Додека Рибите се ентузијасти чија глава често е во облаци, Девицата стои цврсто на земја и не ја занесуваат нереални идеи и планови. Таа е многу самокритична и внимателно го планира секој детаљ, додека Рибите живеат во моментот и одлучуваат врз основа на моменталното расположение. Тие се различни и во нивните животни цели – Девицата е одговорен и вреден работник кој сака да заработува пари и да обезбеди егзистенција, за разлика од Рибите, на кои работата често им е неопходно зло, особено ако не ја сакаат својата работа, а парите не се важни за нив.
Девицата се грижи за своето здравје, дисциплинирана е и се труди да води уреден живот, па затоа хедонизмот и неумереноста во јадењето и пиењето на Рибите ѝ се несфатливи. Љубовните врски меѓу овие два знака не се невообичаени, па и двајцата партнери се принудени често да прават компромиси. Девицата треба да се навикне на занесот на Рибите и нивната склоност кон мечтаење, а Рибите треба да се помират со нејзиното критичко размислување и емоционално студенило.