Четириесет лица се хоспитализирани поради труење со јаглерод моноксид во црква во градот Понт-Канавезе во близина на Торино, Италија.
Во болница во хипербарична комора има 10 лица, меѓу кои и осумгодишно дете, јавија италијанските медиуми.
Според сознанијата на пожарникарите и полицијата, труењето дошло откако дефект во котелот на црквата Свети Констанца предизвикал испуштање на јаглерод моноксид.