Актерот и режисер Дастин Хофман изјави дека, според неговото мислење, мажите се послаб пол и водат поскромен живот од жените.„Мажите се послаб пол. Од непознати причини, тие бегаат од интимноста, а со самото тоа, бегаат од многу работи што им ги нуди животот“, изјави Хофман, пренесува „Фимејл Фрст“.Глумецот додаде дека во моментот е задоволен со себе и дека не му пречи што старее.„Не би го менувал овој момент за ништо. Открив, дека кога телото ќе се соочи со ограничувањата, душата расте“, рече Хофман.Во светските кино сали во моментот се прикажува филмот на Хофман „Квартет“, кој говори за група музичари во пензија.
МакфаксАктерот и режисер Дастин Хофман изјави дека, според неговото мислење, мажите се послаб пол и водат поскромен живот од жените.