По изјавата на македонскиот претседател Пендаровски дека Македонија треба да се раздвои од Албанија на патот кон ЕУ и вчерашната реакција на Еди Рама, кој ја прекори ваквата изјава, експерти почнаа да даваат свои мислења околу ваквата идеја на Пендаровски.
Абит Хоџа, докторант на Институтот за комуникациски науки и медиумски истражувања на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен и предавач на универзитетот во Агдер, Норвешка, по потекло од Косово, предупредува за можните последици од раздвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон Европската Унија.
– Ако кандидатурите за ЕУ на Албанија и на Македонија се раздвојат, Балканот ќе се смени. Албанците може да пробаат некаква поинаква интеграција. Да создадат внатрешен пазар, да побараат федерализација на Македонија и Косово + Албанија да креираат федерална унија. Што им преостанува на Албанија и на Косово останува да се види, напиша Хоџа на Твитер.