Нема личност која не посакува блескава насмевка, но некои видови на храна имаат штетно дејство по нашите заби. За да го намалиме нивното лошо влијание, потребно е да ги препознаеме и умерено да ги јадеме, а потоа веднаш да ги миеме забите.
Во продолжение прочитајте за најголемите виновници, кои влијаат на промената на бојата на нашите заби:
Грицки
Најразличните видови на грицки се произведени од рафинирани јаглехидрати, кои се претвораат во шеќери и така стануваат извор на храна за бактериите кои ги обојуваат забите.
Кисели краставички
Ова е лоша вест за љубителите на овој кисел вкус. Токму киселината од краставиците може да го наруши забниот плак и да предизвика промена на бојата на забите.
Кафе и чај
Љубителите на кафе и чај би можеле да завршат со жолти заби, а тоа посебно важи за оние што претеруваат во уживањето на овие омилени пијалаци.
Сос од домати
Доматите со својата киселина, но и интензивна боја можат да предизвикаат потемнување и ерозија на забите.