Хрватска го победи Бахреин, ама недоволно убедливо – четвртфиналето недостижно !


Хрватска со убедливо второ полувреме во кое дадоа 26 гола, дојде до победа со 11 разлика против Бахреин (43-32), но сето тоа најверојатно нема да биде доволно за четвртфинале, зашто сега Египет ќе треба да направи чуда над чудата за „каубоите“ да одат меѓу осумте – да го победат светскиот првак со 12 разлика.

Хрватска не успеа да дојде до чудесна победа со повеќе од 15-16 разлика за да остави пореалната опција Египет со триумф да ги надомести тие минус 22 кои ги имаат Хрватите во гол-разликата со Данците. Вака со само 11 разлика против Бахреин, сега им треба победа на Египет против Данска со 11 разлика ама Данците да дадат максимум 26 гола или да победат со 12 и повеќе разлика што е – безмалку невозможно.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: