Поради корона-кризата, Хрватска најверојатно ќе го одложи пописот на населението, што треба да се одржи од 1 април до 7 мај.
Ова го најави координаторот за пописот во Државниот завод за статистика (ДЗС) Дамир Плесац, кој кажа дека одложувањето ќе биде на неколку месеци.
Плесац во изјава за телевизијата „Н1“ објаснува дека одложувањето е на неопределено време и неговото одржување ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјата и од одлуките на Владата и парламентот кои треба да го сменат законот за попис.
Хрватска за првпат ќе воведе опција за попис по дигитален пат, покрај традиционалниот начин со попишувачи на терен.
И покрај одложувањето, во ДЗС се уверени дека пописот ќе биде завршен до крајот на годината.