Хрватска поднела барање за обука на украински војници за војната против Русија – наведуваат американскиот весник „Политико“ и загрепскиот „Јутарњи лист“.
ЕУ ќе започне со обука на најмалку 15.000 украински војници на територијата на одредени земји-членки, а меѓу нив е и Хрватска.
Еве што изјави Милановиќ денеска:
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека како врховен командант ќе биде против идејата да се обучуваат украински војници во Хрватска, бидејќи, како што вели, тоа би значело војна во Хрватска.
Според неофицијални информации, за сега Полска и Германија се договориле обуката да се одвива на нивна територија.
„Политико“ пренесува дека Хрватска се пријавила и да биде земја домаќин за обука на украинските војници.
Според неофицијални информации, обуката на борбените спасувачи и инструктори, како и дел од инженерскиот персонал, би се спроведувала во Хрватска.
„Јутарњи лист“ наведува, повикувајќи се на неофицијални извори, дека командата на хрватската армија формира неколку мобилни тимови од инструктори кои би ги обучувале украинските војници надвор од Хрватска.
Во тој случај, хрватските инструктори би тренирале украинска пешадија и артилерија.
Засега плановите не се детално разработени, па се уште не се знае кога би почнала обуката, колку украински војници всушност би пристигнале во Хрватска и колку хрватски инструкторски тимови би ги обучувале Украинците во странство.
„Нема да дозволам“
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека како врховен командант ќе биде против идејата да се обучуваат украински војници во Хрватска, бидејќи, како што вели, тоа би значело војна во Хрватска.
Не ја поддржувам таа идеја затоа што не го поддржувам вмешувањето на Хрватска во оваа војна повеќе отколку што треба. Ние сме коректни, обединети сме и тоа е тоа. Не подалеку од тоа. Јас како врховен командант нема да го одобрам. Не сум слушнал за предлогот, но однапред кажувам дека не ми се допаѓа, тоа и носи војна на Хрватска – рече Милановиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.