Хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ во посета на Македонија

Претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Хрватската претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од својот домаќин, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на платото пред „Вила Водно“.

Грабар-Китаровиќ и Иванов ќе имаат тет-а-тет средба, а предвиден е и пленарен состанок на официјалните делегации на Република Македонија и на Република Хрватска.

Претседателката Грабар-Китаровиќ во рамки на посетата ќе се сретне и со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.