ПРОДОЛЖУВА ХУМАНИТАРНАTA АКЦИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА
ХТЛ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ГОБ 8МИ СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ
Хуманитарната акција на компанијата ХТЛ Македонија, членка на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија е на самиот крај.
ХТЛ Македонија донираше дезинфикциони средства во износ од 20.000,00 евра во ЈЗУ ГОБ 8ми Септември во Скопје, во која веќе беа донирани и болнички кревети во истиот износ или вкупно, оваа компанија донираше 40.000,00 евра во соодветна медицинска опрема.
Оваа акција беше спроведена за дел од здравствените институции во кои се лечат заразените од вирусот КОВИД-19, со цел полесно надминување на предизвиците наметнати од оваа наша нова реалност.
Пандемијата која се заканува на нашето здравје можеби ќе трае и подолго, но ова општество треба да извлече една поука а тоа е дека сами како единка не можеме да постигнеме многу, но заедно, сплотени, грижејќи се и помагајќи онаму каде што е потребно ќе не направи посилни и победници од борбата против невидливиот непријател.
ХТЛ Македонија, ГРУПАЦИЈА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.