Хуманост: Група луѓе од Кичево градат куќа на социјално загрозено семејство

На иницијатива на месната заедница на селото Длапкин дол се гради нова куќа на социјално загрозено семејство од ова село.
– Како месна заедница одлучивме да им помогнеме бидејќи живеат во лоши услови. Не сакаме јавно да објавиме за кое семејство се работи, но собравме пари од жителите на селото. Секој даде колку мислеше, но најголем дел од средствата се собрани од печалбарите на нашето село. Помогнаа и многу други хумани луѓе и компании од Кичево и Кичевско. Куќата ќе има три соби, кујна и санитарен јазол. Донации доаѓат скоро секојдневно, вели Ќамил Рушити од раководството на месната заедница.
Тој се надева дека пред зимата ова семејство ќе успее да се всели  во новиот дом.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.