Цела Куба остана без струја

На многу работници им било кажано да останат дома, а на ноќните клубови им било наредено да се затворат. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез на социјалната мрежа Икс напиша дека раководството на земјата „посветува апсолутен приоритет на решавање на оваа исклучително чувствителна енергетска непредвидена ситуација за нацијата“Целиот остров Куба остана без струја поради што десет милиони жители се во мрак, соопшти Министерството за енергетика и рударство на таа земја.Министерството на платформата Икс објави дека „националниот систем за електрична енергија е целосно исклучен“ откако откажа една од главните електрани на островот.Кубанската влада претходно денеска ги затвори училиштата, некои владини канцеларии и несуштинските услуги во обид да заштеди енергија.На многу работници им било кажано да останат дома, а на ноќните клубови им било наредено да се затворат. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез на Икс напиша дека раководството на земјата „посветува апсолутен приоритет на решавање на оваа исклучително чувствителна енергетска непредвидена ситуација за нацијата“.Прекините во снабдувањето со елекрична енергија со месеци е секојдневен проблем за Кубанците. Кубанскиот министер за енергетика и рударство Висенте де ла О Леви сподели соопштение од неговото министерство кое ги идентификува „трите главни фактори кои влијаат на дефицитот во производството на електрична енергија – состојбата на инфраструктурата, недостатокот на гориво и зголемувањето на побарувачката“.

Пронајдете не на следниве мрежи: