Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги обвини властите во Косово и дел од меѓународната заедница дека за цел имаат протерување на Србите од северот на Косово, бидејќи тоа е единствениот начин за решавање на косовскиот проблем.
По разговорот со патријархот Порфириј, Вучиќ истакна дека го информирал поглаварот на СПЦ за целокупната состојба на Косово, како од политички, така и од безбедносен аспект.
Тој оцени дека вчерашната забрана за влез на патријархот на Косово „најдобро говори за оние кои ја организирале, а таа била само делумно режирана од Приштина“.
– Доволно беше да се погледне соопштението за медиумите, бидејќи цел ден најавуваа дека остро ќе го осудат тоа, а потоа толку силно го осудија што се срамев да го прочитам. Се покажа дека ние Србите сме виновни што ја имаме СПЦ и што патријархот сакаше да оди во Пеќката патријаршија, рече Вучиќ.
Тој праша зошто „некој толку хистерично инсистира да се отстранат барикадите“, а потоа самиот одговори: „Затоа што е потребно Србите да бидат протерани од северот на Косово и Метохија, бидејќи тоа за нив е единственото решение на проблемот, говорам за Албанците и дел од меѓународната заедница“.
– Со право наводно ви велат: Ви истекува времето, ќе го пуштиме Курти, тој потоа ќе изврши се што треба. Само да знаеме дека сите сакате конфликти, убивање на Срби, ќе се радувате на смртта на Србите, затоа што поважно ви е да го потврдите територијалниот интегритет на т.н. на Косово отколку колку српски глави ќе загинат, посочи Вучиќ.
Тој додаде дека оние кои „заедно со НАТО го одземаа и газеа територијалниот интегритет на Србија“ зборуваат за територијален интегритет.
Вучиќ рече и дека Србите не поставиле само туку така барикади и решиле да бидат надвор на дожд и снег, туку протестите ги почнале затоа што десет години ги лажат дека ќе се формира ЗСО, бидејќи им се одзема правото на се глас, затоа што се апсат…
Вучиќ додаде дека и патиштата што се блокирани со барикади не се движат Албанците, туку само Србите од северот на Косово кои, како што рече, го поддржуваат овој вид протести.
Тој, исто така, рече дека во тек се разговорите со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, како и со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
– Се обидуваме и даваме се од себе да го зачуваме мирот, да се бориме за мир, да постигнеме компромисно решение, рече Вучиќ, но изрази страв дека и да се постигне договор, иако во тоа се сомнева, тоа ќе биде нешто ново за 10, 15 дена.
– Затоа што нивната крајна цел е протерување на Србија од Косово засекогаш и протерување на апсолутно непослушниот српски народ од северот на Косово, рече Вучиќ и им порача на косовските Срби дека државата е со нив и дека нема предавање.
Патријархот Порфириј, по разговорот со Вучиќ, испратил молба до претседателот на Србија, до властите во Приштина и до меѓународната заедница да го зачуваат мирот по секоја цена, а човечките животи да бидат интерес поголем од кој било друг интерес.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.