Цените на барел нафта се спуштија во вторникот на лондонската берза под ниво од 100 долари, прв пат во девет месеци со оглед дека инвеститорите и натаму ги мачат слабите економски податоци од Кина и САД.На лондонската берза цената на барел сирова нафта денеска потона за 1,03 долари, на 99,6 долари за барел, а накратко дојде и до 98 долари. На американската берза се тргуваше по 77 центи пониска цена, од 87,94 долари, а во еден миг падна и на 86 долари, што е најниско ниво од декември 2012 година.Тмурните економски изгледи ја спуштија цената на златото на најниско ниво за повеќе од две години, а силно беа притиснати и цените на нафтата. Нивниот пад во меѓувреме е закочен, но довербата на инвеститорите е разнишано, пред се поради слабите податоци од Кина и САД. Па така кинескиот економски раст во првото овогодишно тримесечје неочекувано успори, а прометот во американската малопродажба во март падна.Овие теми податоци се надоврзаа на загриженоста поради намалената прогноза за глобалната побарувачка за нафта во оваа година, што придонесе цената на нафтата вчера да падне за три отсто.Денеска силните осцилации на берзите дополнително ги зголемија експлозиите на Бостонскиот маратон.
МакфаксЦените на барел нафта се спуштија во вторникот на лондонската берза под ниво од 100 долари, прв пат во девет месеци со