Цената на нафтата потона во понеделникот на меѓународните берзи, по објавата на лошите кинески и американски податоци кои ја поттикнаа загриженоста дека забавуваа економскиот раст на најголемите светски економии.
На лондонската берза цената на барел сирова нафта потона за 2,56 долари, на 100,55 долари, а на американската берза со барелот се тргуваше по 3,22 долари пониска цена, од 88,07 долари.Кинеското економско закрепнување неочекувано се препна во првото овогодишно тримесечје, со 7,7-отстотен раст, во однос на 7,9-отстотниот раст во последниот квартал од 2012 година. Аналитичарите очекува растот да изнесува осум отсто.Овој податок на кинескиот завод за статистика ги притисна цените на берзите на сите производи, вклучително и на златото, бакарот и среброто. Падот на цените на берзите се продлабочи откако кон крајот на неделата започна надолниот тренд по објавувањето на неочекуваниот податок за пад на прометот во американската малопродажба.„Цените на нафтата во Лондон ги вшмука надолната спирала на цените на племенитите метали која беше покрената во петокот. Па така цените изутрината се спуштија на најниско ниво за последните девет месеци. На тоа се надоврзаа и неочекувано слабите кинески податоци кои одново го поттикнаа стравувањето за побарувачката“, толкува Карстен Фрич од Commerzbank.Светската банка денеска го снижи прогнозите за раст на економијата во источна Азија за годинава, предупредувајќи истовремено на можно прегрејување на големите економии во регионот, кое би можело да поттикне инфлација и балони на берзите, што дополнително ја зајакнува загриженоста на инвеститорите за побарувачка на нафта.
Цената на нафтата потона во понеделникот на меѓународните берзи, по објавата на лошите кинески