Флексибилното работно време нуди бројни предности. Со тоа на вработените им се нуди можност, во согласност со барањата и можностите на фирмите, да ги усогласат своите семејни обрски и работното време, објавува deutsche welle.
Предности има и компанијата доколку е широкограда по прашање на работното време. Имено, задоволните вработени се по правило и поангажирани на работа. Мануела Машке, стручњак за тарифни преговори во Фондацијата Ханс Беклер, блиска на синдикатите, наведува уште една причина: фирмите со флексибилно работно време можат подобро да ги користат своите капацитети. „Кога има многу работа треба повеќе работна сила, а ако има помалку работа тогаш треба и помалку работници“, вели Мануела Машке.
Се’ повеќе германски компании нудат можност за флексибилно работно време кое на вработените им ги олеснува семејните обврски, слободното време и работата. Но, таа флексибилност има и своја цена. Според податоците на сојузното Министерство за економија, четири од пет компании нудат модел за флексибилно работно време.
Големите концерни, како што се на пример Бош, БАСФ или Фолксваген, веќе со години се обидуваат да привлечат стручна работна сила така што нудат посебни поволности коишто се однесуваат на работното време. На такви големи компании им е многу полесно да спроведуваат модели со флексибилно работно време. Но, фирмата „Кригер и Шрам“ од Дингелштад покажува дека тоа го можат и малите компании.
Таа флексибилност има и своја цена. Мануела Машке укажува на тоа дека така се губи границата помеѓу приватниот и професионалниот живот. Неодамна анкетата на институтот за истражување на јавно мислење „Арис 505“ покажала дека една третина од вработените редовно работат од дома. Поголемиот број од нив навел оти така можат многу подобро да ги усогласат семејниот живот и работата. Но, истовремено секој втор испитаник критикувал дека таквиот начин на работа доведува до мешање на приватната и професионалната сфера.Флексибилното работно време нуди бројни предности. Со тоа на вработените им се нуди можност, во