Цените на нафтата се задржаа над 79 долари во петокот, како знаци за стабилизирање на побарувачката за работна сила во САД и благо забрзување на инфлацијата во Кина, ја намалија загриженоста за побарувачката.
Сето тоа беше поврзано со намаленото снабдување од Либија и тензиите на Блискиот Исток, пренесува Мина.
На лондонската берза цената на барелот по пладне беше повисока за 32 центи на 79,48 долари. Речиси за исто толку поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 76,57 долари. На крајот на неделата, трговците се фокусираа на побарувачката на работна сила во САД.
Вкупно 233.000 Американци поднеле барање за бенефиции за невработеност минатата недела, што е за 17.000 помалку од една недела претходно, покажаа податоците на Министерството за труд во четвртокот, што сигнализира стабилизација на побарувачката за работна сила.
Новите бројки ги ублажија стравувањата од рецесија во САД, поттикната од наглото забавување на вработувањата во јули, со нето отворени работни места на половина од месечниот просек во изминатите 12 месеци.