Цените на угостителските услуги се зголемени за 6.1% за една година

Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6.1%. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0.6%, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6%, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3.5 проценти.

Годишната инфлација повторно скокна. Според, статистика во декември лани во однос на декември 2023 изнесува 4, 4 отсто, цените пак во трговијата на мало се зголемени за 4, 3 проценти.

Веќе втор месец по ред инфлацијата расте. Властите воведоа и кошнички за да го намалат притисокот, но со последната –  новогодишната работите излегоа од контрола. Едни цени се намалија, но други производи значително  поскапеа.

Трошоците на живот кај храната и безалкохолните пијалаците се зголемени за 2,9 проценти на годишно ниво додека на месечно се намалени за минимални 0,3 отсто во однос на ноември минатата година.

Од извештајот на статистичарите може да се види дека минатата година најголемо поскапување има кај минералната вода, соковите и безалкохолните пијалаци од 15,8 проценти, потоа зеленчукот кој сега се продава поскапо за 12,7 отсто споредено со истиот период во 2023 година, маслото и мастите кои поскапеле за 11,7 проценти, кафе, чај и какао кои сега се поскапи за 11,5 проценти, а млекото, сирењето и јајцата се продаваат со 7,5 проценти повисоки цени од 2023 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: