Централниот одбор на СДСМ ќе заседава вечерва, информираат денеска од партијата. Како што е соопштено, седницата е редовна, а по неа за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе биде дадена изјава.
Нема информација кои се точките на дневен ред, но се претпоставува дека ќе се дискутираат и актуелните случувања од аферата “Рекет“. Седницата на Централниот одбор на СДСМ ќе почне во 18 часот.