Цеца направи хаос на свадбата на познат бизнисмен од Македонија – меѓу гостите и Вице со сопругата

Покрај фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ, на свадбата настапија и многу други познати пејачи
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ викендов пееше на свадба на еден познат бизнисмен од Македонија.

На гламурозната свадба на бизнисменот Владимир Стајиќ и неговата избраничка Јулија беа присутни бројни познати гости како од Македонија, така и од регионот, а покрај Цеца гостите ги забавуваа и многу други популарни музичари меѓу кои и Аца Пејовиќ, Аца Лукас и нашата пејачка Тамара Тодевска.

Снимки од гламурозната прослава објави и пејачката Тамара Тодевска која во еден момент пееше заедно со Аца Пејовиќ.
Меѓу гостите на свадбата беше и братот на поранешниот премиер Зоран Заев, Вице Заев, заедно со неговата поубава половина.

Славица на својот Инстаграм профил покажа како беше облечена за овој настан, но објави и неколку снимки од Цеца.
Познатата фолк-пејачка за оваа пригода избра долг фустан во смарагдно зелена нијанса и со асиметричен дизајн.

Фустанот беше со тесен крој така што Цеца ги истакна своите раскошни облини и никого не остави рамнодушен.
Кога Цеца запеа гостите веднаш станаа на нозе и почнаа да ја снимаат, а пејачката направи одлична атмосфера.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.