Циклонот ВИКТОРИЈА со себе носи: Олуен северен ветер, пад на температурите

Овојпат гледано од метеоролошки аспект ќе се задржиме само на наглата и голема промена која ќе се случи во текот на ноќта понеделник кон вторник како и во вторник. Токму ова ќе биде под влијание на циклонот ВИКТОРИЈА кој ќе се формира над нашите краишта и тоа поради судирот на студениот воздух од север и топлиот од југ кој се наоѓа над нашите краишта.
Во текот на ноќта понеделник кон вторник под влијание на овој циклон на повеќе места ќе започнат врнежи од дожд и снег на планините, а има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и ветер од западен и од југозападен правец кој во текот на ноќта понеделник кон вторник, како и во вторник ќе го пормени правецот во северен и значително ќе засили, односно ќе биде со засилен до СИЛЕН, локално и со олуен интензитет и ова ќе услови пад на температурите дури за околу 15 степени во споредба со сегашните. Заради заладувањето во вторник послаби врнежи од снег ќе има и на некои места со надморска височина под 1.000 метри што значи треба да го има и во некои од населените места додека пак на повисоките и планинските места ќе се формира нова снежна покривка.
Максималните дневни температури во вторник ќе бидат зимски и ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 9 степени додека само на крајниот југоисток се очекува да се искачат малку над 10 степени додека на високите и планинските места истите и во текот на денот ќе бидат дури и до околу -10 степени.
НАПОМЕНА: Оваа нова и нагла како и голема промена на временската состојба секако лошо ќе влијае, особено кај метеопатите, каде е можна појава на главоболка, болка во коските и на местата од старите рани. Можна е секако и повремена нервоза како и несоница, како и тежина во главата и во телото.
Подготви: Славчо Попоски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.