Ципрас мора да го слушне гласот на народот, изјави Мицотакис

Преспанскиот договор ги признава македонскиот јазик и идентитет, и е во спротивност со националното расположение во Грција, смета лидерот на грчката опозиција, по вчерашните протеси одржани во Атина на кои присуствуваа 60-тина илјади Грци, а ги обезбедуваа 1.500 полицајци.
– Вчера зборуваше грчкиот народ и неговиот глас мора да го слушнеме, изјави денес претседателот на најголемата опозициска партија во Грција “Нова демократија“, Киријакос Мицотакис по протестот во центарот на Атина против Преспанскиот договор.
– Гласот на народот најпрво мора да го слушне премиерот Алексис Ципрас и оние кои го поддржуваат Преспанскиот договор, “за кој се подготвуваат да гласаат без мандатот на своите гласачи“, додаде Мицотакис.
Тој додава дека Договорот, кој ги признава македонскиот јазик и идентитет, е во спротивност со расположението во Грција и дека не ја ужива поддршката на другите партии. Исто така, тој ја критикува Владата за употребата на солзавец за време на протестите.
– Во неделата власите не размислуваа дали со солзавец да ги нападнат илјадниците луѓе кои мирно протестираа. Меѓу нив имаше семејства, мали деца и постари лица. Сите мораат да знаат дека ќе се понесе одговорност за она што се случи на плоштадот “Синтагма“. Целта беше да се растури протестот. Вештачкото мнозинство во Парламентот е само празна бројака наспроти милионите Грци кои не се согласуваат. Пропагандата на СИРИЗА не може да ја скрие вистината. Се работи за Договор кој ја менува децениската надворешна политика, ги признава македонскиот идентитет и јазик на соседите, и го јакне њивниот иредентизам- истакнува Мицотакис, јави МИА.
Тој, исто така, укажа дека оваа седмица “Нова демократија“ со аргументи и силно ќе биде во првите редови против ратификацијата на Договорот од Преспа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.