Натпреварот меѓу Португалија и Турција го одбележаа бројни прекиниНа изненадување на многумина, Европското првенство во Германија го одбележа катастрофална организација. Насекаде има значителни неуспеси на организаторите.Евидентирани се голем број случаи каде навивачите успеваат да го заобиколат обезбедувањето и да истрчаат на теренот, што е едноставно недозволиво. Тоа беше особено видливо на натпреварот помеѓу Португалија и Турција. Неколку пати навивачите успеваа да ги измамат стјуардите и накратко да го прекинат натпреварот, а главна мета на навивачите беше Кристијано Роналдо.
Популарниот CR7 првично излезе да ги пречека навивачите кои истрчаа на теренот, но на крајот му се „сити“. Тој ги загуби нервите и одби да направи селфи со еден прилично агресивен навивач кој истрча на теренот.И по мечот навивачите упаднаа на теренот и за малку ќе се повреди Гонсал Рамос, кога беше соборен од редар кој се обиде да интервенира.Ова го разбесни Роналдо, кој не можеше да поверува дека организаторите не можат да спречат вакви ситуации.
По мечот возбуден беше и селекторот на Португалија Роберто Мартинез.„Сето ова е неверојатно, бидејќи денес имавме среќа што намерите на навивачите беа добри. Сите ги сакаме обожавателите кои препознаваат големи ѕвезди и ги гледаат како идоли. Но, што ако тие намери беа лоши? Има многу, многу тешки моменти. Играчите се изложени и мораме да бидеме внимателни“, изјави Мартинез.Тој ги критикуваше организаторите за пропустот.“Мислам дека ова не треба да се случува на фудбалскиот терен. Има доволно обезбедувачи и стјуарди и тоа не треба да се случи. Се надевам дека ќе ги заострат мерките во иднина. Не е добро играчите да бидат така експонирани кога луѓето трчаат на теренот“, рече Мартинез.