Кизилелма, првиот турски воен авион без екипаж, го направи својот прв лет.
Најновиот турски борбен дрон Кизилелма го направи својот прв лет, објави главниот технолошки директор на Бајрактар (CTO) Селџук Бајрактар. „Нашиот 20-годишен сон во нашата национална авантура со беспилотни летала се оствари денес! Кизилелма, првиот турски воен авион без екипаж, го направи својот прв лет“, напишаа од Бајрактар.
Националниот систем за беспилотни борбени авиони (МИУС), наречен Кизилелма (Црвено јаболко), со ниска радарска рефлексивност и субсонична брзина, е исто така важен стратешки проект бидејќи се очекува да обезбеди независност на турските воздухопловни сили.
Важноста на овој проект беше особено нагласена откако Турција беше исклучена од проектот Ф-35, кои требаше да полетаат од носачот на авиони што го гради во соработка со Шпанија. Кизилелма ќе има можност да полетува и слетува од носач на авиони со кратка писта.
Брзиот беспилотен борбен авион Кизилелма претставува значително проширување на можностите во однос на бавните извидувачки и ракетни дронови.
Борбениот авион без екипаж е дизајниран да изведува различни воени операции, како што се стратешки напади, блиска воздушна поддршка, ракетни напади, сузбивање на противничката противвоздушна одбрана и уништување на противвоздушната одбрана. Се очекува да може да лета пет часа и да достигне брзина до 800 километри на час.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.